Матеј 1:1-25
1 Ова е книга за животот*+ на Исус Христос, синот Давидов,+ син Авраамов.+
2 На Авраам му се роди Исак,+на Исак му се роди Јаков,+на Јаков му се родија Јуда+ и неговите браќа,
3 на Јуда Тамара му ги роди Фарес+ и Зара,на Фарес му се роди Есром,+на Есром му се роди Арам,+
4 на Арам му се роди Аминадав,на Аминадав му се роди Насон,+на Насон му се роди Салмон,+
5 на Салмон Раав+ му го роди Вооз,на Вооз Рут му го роди Овид,+на Овид му се роди Јесеј,+
6 на Јесеј му се роди Давид,+ царот.+
На Давид жената на Урија му го роди Соломон,+
7 на Соломон му се роди Ровоам,+на Ровоам му се роди Авија,на Авија+ му се роди Аса,+
8 на Аса му се роди Јосафат,+на Јосафат му се роди Јорам,+на Јорам му се роди Озија,
9 на Озија му се роди Јотам,на Јотам+ му се роди Ахаз,+на Ахаз му се роди Езекија,+
10 на Езекија му се роди Манасија,+на Манасија+ му се роди Амон,+на Амон+ му се роди Јосија,
11 на Јосија+ му се родија Јехонија+ и неговите браќа во времето на изгнанството во Вавилон.+
12 По изгнанството во Вавилон, на Јехонија му се роди Салатиел,+на Салатиел му се роди Зоровавел,+
13 на Зоровавел му се роди Авиуд,на Авиуд му се роди Елијаким,на Елијаким му се роди Азор,
14 на Азор му се роди Садок,на Садок му се роди Ахим,на Ахим му се роди Елиуд,
15 на Елиуд му се роди Елеазар,на Елеазар му се роди Матан,на Матан му се роди Јаков,
16 на Јаков му се роди Јосиф, мажот на Марија, која го роди Исус,+ кој се вика Христос.+
17 Така, вкупно беа: од Авраам до Давид четиринаесет поколенија, од Давид до изгнанството во Вавилон четиринаесет поколенија и од изгнанството во Вавилон до Христос четиринаесет поколенија.
18 А раѓањето на Исус Христос се случи вака: додека мајка му Марија беше свршена+ со Јосиф, пред да се венчаат, таа остана* бремена од светиот дух.+
19 А Јосиф, нејзиниот маж,* бидејќи беше праведен и не сакаше јавно да ја осрамоти,+ имаше намера тајно да се разведе+ од неа.
20 Но откако размисли за тоа, на сон му се појави Јеховин* ангел и рече: „Јосифе, сине Давидов, не плаши се да ја доведеш дома Марија, својата жена, зашто она што е зачнато во неа е од светиот дух.+
21 Таа ќе роди син, и ти дај му го името Исус,*+ зашто тој ќе го спаси+ својот народ+ од неговите гревови“.+
22 А сето тоа се случи за да се исполни она што Јехова го кажа+ преку својот пророк:+
23 „Еве, девица+ ќе забремени и ќе роди син, и ќе му го дадат името Емануел“,+ кое значи: „Со нас е Бог“.+
24 Тогаш Јосиф се разбуди од сонот и направи така како што го упати Јеховиниот ангел, па ја доведе дома својата жена.
25 Но немаше односи со неа+ додека не роди син.+ И му го даде името Исус.+
Фусноти
^ Или: „книга за историјата“.
^ Буквално: „се покажа дека е“.
^ Евреите ги сметале свршениците за сопружници. Затоа во овој стих се користи изразот „да се разведе“ за да се опише раскинувањето на свршувачката според еврејскиот обичај.
^ Во овој превод на библиските книги кои изворно биле напишани на грчки јазик ова е првото од 237-те места каде што се појавува Божјето име „Јехова“. Види го додатокот 1.
^ На хебрејски „Јешуа“, што значи „Јехова е спасение“.