Матеј 27:1-66

27  Кога се раздени, сите главни свештеници и народните старешини одржаа совет за тоа како да го убијат Исус.+  И кога го врзаа, го одведоа и му го предадоа на управителот Пилат.+  Кога виде дека Исус е осуден, Јуда, кој го предаде, почувствува грижа на совеста и им ги врати триесетте сребреници+ на главните свештеници и на старешините,  велејќи: „Згрешив кога предадов праведна крв“.+ А тие рекоа: „Што нѐ засега нас? Тоа си е твоја работа!“+  Тогаш ги фрли сребрениците во храмот и си замина оттаму, па се обеси.+  Но главните свештеници ги зедоа сребрениците и рекоа: „Не е дозволено да се пуштат во светата ризница, бидејќи се цена за крв“.  И откако се посоветуваа, со нив ја купија грнчаревата нива за да се закопуваат на неа странци.  Затоа таа нива до денешен ден се вика „Крвна нива“.+  Тогаш се исполни она што беше кажано преку пророкот Еремија:* „И ги зедоа триесетте сребреници,+ цената за проценетиот, оној кому некои од синовите на Израел му одредија цена, 10  и ги дадоа за грнчаревата+ нива, како што ми заповеда Јехова“. 11  А Исус стоеше пред управителот. И управителот го праша: „Дали си ти царот на Евреите?“+ Исус одговори: „Ти самиот го велиш тоа“.+ 12  Но, додека главните свештеници и старешините го обвинуваа,+ тој не одговараше.+ 13  Тогаш Пилат му рече: „Зарем не слушаш со колку работи сведочат против тебе?“+ 14  Но тој не му одговори со ниту еден збор, така што управителот многу се чудеше.+ 15  А управителот имаше обичај на секој празник да му пушти на народот по еден затвореник, по нивна желба.+ 16  Токму тогаш имаа еден озлогласен затвореник, кој се викаше Варава.+ 17  Кога народот се собра, Пилат ги праша: „Кого сакате да ви го пуштам, Варава или Исус кого го нарекуваат Христос?“*+ 18  Зашто, знаеше дека го предадоа+ од завист.+ 19  А додека седеше на судиската столица, неговата жена му порача: „Немај ништо со тој праведен+ човек, зашто денес многу страдав насон+ поради него“. 20  Но главните свештеници и старешините го наговорија народот да го бара Варава,+ а Исус да го погуби. 21  Тогаш управителот ги праша: „Кој од овие двајца сакате да ви го пуштам?“ Тие одговорија: „Варава“.+ 22  А Пилат ги праша: „Тогаш што да правам со Исус кого го нарекуваат Христос?“ А сите рекоа: „Нека биде прикован на столб!“*+ 23  Тој рече: „Какво зло направил?“ А тие уште посилно викаа: „Нека биде прикован на столб!“+ 24  Кога виде дека ништо не помага, туку дека настанува сѐ поголем метеж, Пилат зеде вода+ и си ги изми рацете пред народот, велејќи: „Јас сум невин за крвта на овој човек. Тоа си е ваша работа“. 25  Тогаш целиот народ одговори: „Неговата крв нека падне на нас и на нашите деца!“+ 26  Потоа им го пушти Варава, а Исус го искамшикува+ и го предаде да биде прикован на столб.+ 27  Потоа војниците на управителот го одведоа Исус во палатата на управителот и ја собраа околу него целата чета.+ 28  И го соблекоа, го наметнаа со црвена наметка,+ 29  па му исплетоа круна од трње и му ја ставија на главата, а во десната рака му ставија трска. И клекнувајќи пред него, го исмејуваа,+ велејќи: „Здраво, царе на Евреите!“+ 30  И го плукаа,+ па му ја зедоа трската и почнаа да го удираат по главата. 31  Откако го исмеаја,+ му ја симнаа наметката и му ја облекоа неговата облека, па го изведоа за да го приковаат на столб.+ 32  Додека излегуваа, наидоа на еден човек од Киринија, по име Симон.+ Него го присилија да му го понесе столбот на кој требаше да биде прикован. 33  И дојдоа на местото наречено Голгота,+ односно Место на черепите. 34  Таму му дадоа на Исус да пие вино помешано со жолчка.+ Но кога го вкуси, не сакаше да пие.+ 35  Кога го приковаа на столб,+ ја разделија неговата облека+ фрлајќи ждрепка.+ 36  И седеа таму и го чуваа. 37  Над главата му ставија натпис на кој пишуваше за што е обвинет: „Ова е Исус, царот на Евреите“.+ 38  Тогаш со него приковаа на столб двајца разбојници, едниот од неговата десна, а другиот од неговата лева страна.+ 39  А минувачите го навредуваа,+ подбивно вртејќи со главите+ 40  и велејќи: „Ти, што ќе го урнеше храмот+ и ќе го изградеше за три дена, спаси се самиот себе! Ако си син Божји, слези од столбот!“+ 41  На сличен начин и главните свештеници со книжниците и старешините го исмејуваа, велејќи:+ 42  „Другите ги спаси, а себе не може да се спаси! Тој е цар+ на Израел! Нека слезе сега од столбот, и ќе поверуваме во него!+ 43  Се надеваше на Бог, па тој сега нека го избави+ ако му е мил! Зашто рече: ‚Јас сум Божји Син‘ “.+ 44  Така му се исмејуваа и разбојниците што беа со него ставени на столб.+ 45  А во шестиот* час се спушти темнина+ по целата таа земја и траеше сѐ до деветтиот* час.+ 46  А околу деветтиот час, Исус извика со силен глас: „Ели, Ели, лама савахтани?“ — односно: „Боже мој, Боже мој, зошто ме остави?“+ 47  Кога го слушнаа тоа, некои од оние што стоеја таму рекоа: „Овој го повикува Илија“.*+ 48  И еден од нив веднаш отрча и зеде сунѓер, го натопи во кисело+ вино, па го стави на трска и му даваше да пие.+ 49  Но останатите рекоа: „Нека го! Да видиме дали ќе дојде Илија да го спаси“.+ [Еден друг човек зеде копје и го прободе во слабината, и излезе крв и вода.]*+ 50  А Исус повторно извика со силен глас и издивна.*+ 51  И гледај, завесата+ на светилиштето се расцепи надве, одозгора додолу,+ и земјата се затресе, а карпите се распукаа.+ 52  И гробовите се отворија, и беа подигнати многу тела на светите што беа умрени 53  и им станаа видливи на мнозина. (Луѓето што дојдоа од гробиштата по неговото воскресение, влегоа во светиот град.)+ 54  А кога го видоа земјотресот и она што се случуваше, стотникот и оние што со него го чуваа Исус многу се уплашија и рекоа: „Ова навистина беше Божји Син!“+ 55  Таму имаше и многу жени, кои оддалеку го набљудуваа тоа,+ а кои од Галилеја го придружуваа Исус за да му служат.+ 56  Меѓу нив беа Марија Магдалена и Марија, мајката на Јаков и Јосиј, и мајката на Зеведеевите синови.+ 57  А бидејќи беше доцна попладнето, дојде еден богат човек од Ариматеја, по име Јосиф, кој и самиот беше Исусов ученик.+ 58  Тој отиде кај Пилат и го побара Исусовото тело.+ Тогаш Пилат заповеда да му го предадат.+ 59  И Јосиф го зеде телото, го завитка во чисто платно+ 60  и го положи во својот нов гроб,+ кој го беше издлабил во карпа. Потоа дотркала еден голем камен на влезот од гробот и си замина.+ 61  А Марија Магдалена и другата Марија останаа таму, седејќи пред гробот.+ 62  Утредента, а тоа беше денот по подготовката,*+ главните свештеници и фарисеите се собраа пред Пилат 63  и му рекоа: „Господине, се сетивме дека овој измамник, уште додека беше жив, рече: ‚По три дена+ ќе воскреснам‘. 64  Затоа заповедај гробот да биде обезбеден до третиот ден, за да не дојдат неговите ученици и да го украдат,+ па да му речат на народот: ‚Стана од мртвите!‘ Така, таа последна измама ќе биде полоша од првата“. 65  А Пилат им рече: „Имате стража!+ Одете и обезбедете го како што знаете“. 66  Тогаш отидоа и го обезбедија гробот така што го запечатија каменот+ и поставија стража.

Фусноти

Цитатот, всушност, се темели на Захарија 11:12, 13. Но во времето на Матеј, книгата на Еремија била прва по ред во групата пророчки книги, па називот ‚Еремија‘, судејќи по сѐ, се користел за пророчките книги како целина (меѓу кои се наоѓа и Захарија). Спореди со Лк 24:44.
Или: „Помазаник, Месија“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Види го додатокот 8.
Околу 12 часот, според нашето сметање на времето.
До околу 15 часот.
„Илија (хебрејски: Елијаху)“ значи: „Мој Бог е Јехова“.
Улогата на заградите е објаснета во фуснотата за Мт 16:3.
Буквално: „го испушти духот“.
„Подготовка“ го нарекувале денот пред саботата. Тој ден Евреите ја подготвувале храната за саботата и ги извршувале работите што не можеле да ги одложат за подоцна. (Спореди со 2Мо 16:5; 20:10.)