Откровение 1:1-20

1  Откровение+ на Исус Христос, кое му го даде Бог,+ за да им го покаже на своите робови+ она што наскоро ќе се случи.+ И го испрати својот ангел,+ па преку него му го покажа во знаци+ на својот роб Јован,+  кој посведочи за Божјата реч+ и за сведоштвото од Исус Христос+ — за сѐ што виде.  Среќен+ е оној што чита*+ и оние што ги слушаат зборовите на ова пророштво+ и го држат она што е напишано во него.+ Зашто, блиску е времето за да се исполни.+  Од Јован за седумте собранија*+ кои се во Азија:* Незаслужената доброта и мирот од „оној кој е и кој беше и кој доаѓа“+ и од седумте духови+ кои се пред неговиот престол  и од Исус Христос, кој е „Верен сведок“,+ „Првороден од мртвите“+ и „Владетел над царевите на земјата“ нека бидат со вас.+ Нему, кој нѐ сака+ и кој со својата крв нѐ ослободи од нашите гревови+  и нѐ направи царство,+ свештеници+ на својот Бог и Татко — нему нека му е славата и моќта засекогаш!+ Амин.*  Еве, доаѓа со облаците,+ и ќе го види секое око,+ дури и оние што го прободоа.+ И сите земни племиња ќе проплачат поради него.+ Да, амин.  „Јас сум алфа и омега,“*+ вели Јехова Бог, „оној кој е и кој беше и кој доаѓа,+ Семоќниот.“+  Јас, Јован, вашиот брат, кој како следбеник на Исус+ ги дели со вас неволјата+ и царството+ и истрајноста,+ се најдов на островот кој се вика Патмос затоа што зборував за Бог и сведочев за Исус.+ 10  Обземен од духот, се најдов+ во денот на Господарот,*+ и чув зад себе силен глас,+ како звук на труба, 11  како вели: „Она што го гледаш, напиши го+ во свиток и испрати го до седумте собранија:+ до Ефес,+ Смирна,+ Пергам,+ Тијатира,+ Сард,+ Филаделфија+ и Лаодикија“.+ 12  И се свртев за да видам кој ми зборува. И откако се свртев, видов седум златни светилници,+ 13  а меѓу светилниците некој сличен на синот човечки.+ Беше облечен во облека која допираше до стапалата, и беше опашан со златен појас околу градите. 14  Главата и косата му беа бели како бела волна,+ како снег, а очите му беа како огнен пламен.+ 15  Нозете му беа како чист бакар+ кога се жари во печка, а гласот+ му беше како шум од многу води. 16  Во својата десна рака имаше седум ѕвезди,+ од устата му излегуваше остар меч со две сечила,+ а лицето му беше како сонцето кога сјае со полн сјај.+ 17  Кога го видов, паднав како мртов пред неговите нозе. А тој ја положи својата десна рака врз мене и рече: „Не плаши се.+ Јас сум Првиот+ и Последниот,+ 18  и жив сум.+ Бев мртов,+ но еве, живеам во сета вечност,+ и ги имам клучевите од смртта+ и од гробот.*+ 19  Затоа, запиши го она што го виде, и она што сега се случува, и она што ќе се случи потоа.+ 20  Ова е светата тајна на седумте ѕвезди+ што ги виде во мојата десна рака и за седумте златни светилници:+ седумте ѕвезди ги претставуваат ангелите на седумте собранија, а седумте светилници ги претставуваат седумте собранија.+

Фусноти

Или: „чита на глас“.
Види ја фуснотата за изразот „собрание“ во Мт 16:18.
Види ја фуснотата за Де 2:9.
Види ја фуснотата за 5Мо 27:15.
Или: „почетокот и крајот“. Алфа е првата, а омега последната буква од грчката азбука.
Види го додатокот 11.
Буквално: „адот“.