Псалми 76:1-12
На управителот, за жичени инструменти. Песна. Асафов+ псалм.
76 Бог е познат во Јуда,+неговото име е големо во Израел.+
2 Неговото скривалиште е во Салим,+а живеалиштето му е на Сион.+
3 Таму ги скрши молскавичните стрели и лаковите,+штитот и мечот, и ѝ стави крај на битката.+ (Села)
4 Ти си обвиен со светлина, повеличествен од планините полни со плен.+
5 Ограбени се оние што беа со тврдокорно срце,+потонаа во сон+и на ниту еден храбар човек не му остана сила во рацете.+
6 Од твојата закана, Боже Јаковов, и возачот на кола и коњот цврсто заспаа.+
7 Ти си оној што влева страв,+и кој може да опстане пред тебе од силата на твојот гнев?+
8 Од небото го огласи судскиот спор.+Земјата се уплаши и стои мирно+
9 кога Бог стана да суди+за да ги спаси сите кротки на земјата.+ (Села)
10 Зашто, човечкиот гнев ќе те фали,+со остатокот од гневот ти ќе се опашеш.
11 Заветувајте се и исполнете ги заветите пред Јехова, својот Бог, сите вие што сте околу него!+Донесете подарок со страв!+
12 Тој ќе ги понижи водачите,*+им влева страв на царевите на земјата.+
Фусноти
^ Буквално: „духот на водачите“.