Тит 1:1-16
1 Од Павле — роб+ Божји и апостол+ на Исус Христос — чија служба е во согласност со верата на Божјите избрани+ и кој добро ја запозна*+ вистината,+ која е во склад со оддаденоста на Бог.+
2 Нејзин темел е надежта во вечен живот,+ кој го вети Бог, кој не може да лаже,+ уште во дамнешно време,+
3 а во свои времиња ја објави својата реч преку проповедањето, кое ми е доверено мене.+ Тоа беше по заповед на нашиот Спасител,+ Бог.
4 Ова му го пишувам на Тит, вистинскиот син+ според заедничката вера:
Незаслужената доброта и мирот од Бог, Таткото,+ и од Христос Исус, нашиот Спасител нека бидат со тебе!+
5 Те оставив на Крит+ за да го исправиш она што има некаков недостаток и да назначиш старешини+ по градовите, како што те упатив.+
6 Старешината мора да биде човек кому нема што да му се приговори,+ кој има само една жена+ и чии деца се верници и не може да бидат обвинети дека се распуштени или непокорни.+
7 Зашто, надгледникот, како Божји управител,+ мора да биде човек кому нема што да му се приговори+ и не смее да биде самоволен,+ ниту гневлив,+ ниту пијаница,+ ниту кавгаџија,+ ниту алчен за нечесна добивка,+
8 туку гостољубив,*+ да ја сака добротата, разборит,+ праведен, лојален,+ кој умее да се совладува,+
9 кој при поучувањето се држи за веродостојните зборови,+ за да може да опоменува, служејќи се со здравото учење,+ и да ги укорува+ оние што му противречат на тоа учење.
10 Зашто, има многу непокорни, оние што кажуваат бескорисни зборови+ и оние што го лажат умот, особено оние што се држат за обрежувањето.+
11 Ним треба да им се затвори устата, зашто токму тие ја поткопуваат верата на цели семејства,+ поучувајќи за она што не треба, заради нечесна добивка.+
12 Еден од нив, нивни сопствен пророк,* рекол: „Криќаните секогаш се лажливци, зли+ ѕверови, мрзливи изедници“.
13 Ова сведоштво е вистинито. Затоа строго укорувај ги,+ да бидат здрави во верата+
14 и да не ги прифаќаат еврејските бајки+ и заповеди од луѓе,+ кои се откажуваат од вистината.+
15 На чистите сѐ им е чисто,+ а на валканите+ и безверни+ луѓе ништо не им е чисто, туку им се извалкани и умот и совеста.+
16 Тие тврдат дека го познаваат Бог,+ но се одрекуваат од него со своите дела,+ бидејќи се одвратни и непослушни и неспособни+ за какво и да е добро дело.
Фусноти
^ Епименид, критски поет од 6. век пр.н.е.