2. Летописи 35:1-27
35 Потоа Јосија+ приреди Пасха+ во Ерусалим, во чест на Јехова. И ја заклаа пасхалната жртва+ на четиринаесеттиот ден+ од првиот месец.+
2 Тој ги постави свештениците на нивните служби+ и ги охрабри+ да служат во Јеховиниот дом.+
3 На левитите, кои го поучуваа+ целиот Израел и беа посветени за Јехова, им рече: „Ставете го светиот+ ковчег во домот+ што го изгради Соломон, синот на израелскиот цар Давид! Тој нема повеќе да биде бреме на вашите раменици.+ Сега служете+ им на Јехова, својот Бог, и на неговиот народ Израел!
4 Подгответе се според родовите на своите прататковци,+ според своите групи,+ како што пропишаа Давид,+ царот на Израел, и Соломон,+ неговиот син.
5 И стојте+ на светото место според левитските родови+ за да им служите на своите браќа, на овој народ, што доаѓа според своите родови.+
6 Потоа заколете ја пасхалната жртва,+ посветете се+ и подгответе ги своите браќа, за да се постапи според речта, која Јехова ја упати преку Мојсеј“.+
7 Јосија му подари на народот ситна стока — јагниња и јариња — сето тоа за пасхалните жртви за сите што беа таму, вкупно триесет илјади грла ситна стока и уште три илјади говеда.+ Сето тоа беше од царскиот имот.+
8 И неговите кнезови+ им подарија доброволна жртва на народот,+ на свештениците и на левитите. Хелкија,+ Захарија и Јеил, настојници во домот на вистинскиот Бог, им дадоа на свештениците за пасхални жртви две илјади и шестотини грла ситна стока и триста говеда.
9 Хонанија и неговите браќа Семаја и Нетанел, потоа Асавија, Јејел и Јозавад, левитски поглавари, им подарија на левитите за пасхални жртви пет илјади грла ситна стока и петстотини говеда.
10 Сѐ беше подготвено за службата,+ свештениците стоеја+ на своите места+ и левитите по своите групи,+ како што заповеда царот.+
11 И ја колеа пасхалната жртва.+ Свештениците+ го попрскуваа+ жртвеникот со крвта што ја примаа од рацете на левитите, а тие ја дереа кожата.+
12 Потоа ги подготвија жртвите паленици за да му ги даваат на народот според неговите родови+ за да му принесат жртва на Јехова,+ како што е запишано во книгата на Мојсеј.+ Така направија и со крупната стока.
13 И ја зготвија+ пасхалната жртва+ на оган како што беше обичај. Посветените работи ги готвеа+ во лонци, во котли и во садови, а потоа брзо ги разнесуваа по целиот народ.+
14 Потоа го подготвија пасхалното јадење за себе и за свештениците,+ зашто свештениците, синови на Арон, принесуваа жртви паленици+ и мрсни делови+ до ноќта, па левитите го зготвија+ јадењето за себе и за свештениците, синовите на Арон.
15 Пејачите,+ синови на Асаф,+ беа на своите места, по заповед на Давид,+ Асаф,+ Еман+ и Једутун,+ царевиот јасновидец.+ Вратарите+ стоеја на секоја порта.+ Тие не требаше да ја прекинуваат својата служба, зашто нивните браќа левитите подготвија+ сѐ за нив.
16 Така беше подготвена целата Јеховина служба во тој ден за да се прослави Пасхата+ и за да се принесат жртви паленици на Јеховиниот жртвеник, како што заповеда цар Јосија.+
17 Синовите на Израел што беа таму во тоа време ја славеа Пасхата,+ а го славеа и Празникот на бесквасните лебови седум дена.+
18 Таква Пасха не беше прославувана во Израел уште од времето на пророкот Самоил+ и ниту еден друг цар+ на Израел не ја прослави Пасхата како што ја прославија Јосија и свештениците и левитите и сите синови на Јуда и на Израел, кои беа таму, и жителите на Ерусалим.
19 Таа Пасха се славеше во осумнаесеттата година од царувањето на Јосија.+
20 По сето тоа, кога Јосија го уреди храмот, Нехо,+ египетскиот цар,+ тргна да се бори кај Кархемис+ на Еуфрат. И Јосија+ излезе против него.+
21 А тој му испрати гласници и му порача: „Зошто си излегол против мене, царе на Јуда? Не одам денес против тебе, туку против домот со кого сум во војна и за кој Бог ми рече да удрам на него.* Подобро ти е да се повлечеш од борбата за да не те сотре Бог, кој е со мене!“+
22 Но Јосија не го одврати своето лице од него,+ туку се преправи+ и отиде да се бори со него, а не ги послуша зборовите на Нехо,+ кои излегоа од Божјата уста. Така дојде да се бори во мегидската долина.+
23 Но стрелците+ го погодија цар Јосија, па царот им рече на своите слуги: „Симнете ме од колата, зашто сум тешко ранет“.+
24 И неговите слуги го симнаа од колата и го ставија во втората бојна кола што ја имаше, па го одвезоа во Ерусалим.+ Таму умре+ и беше погребан на гробиштата на своите прататковци.+ Цел Јуда и Ерусалим тагуваа+ по Јосија.
25 И Еремија+ испеа тажачка+ за Јосија. И сите пејачи и пејачки+ го спомнуваат Јосија во своите тажачки до ден-денес. Пеењето на тие тажачки стана обичај во Израел и тие се запишани меѓу тажачките.+
26 Останатата историја+ на Јосија и делата што ги правеше во својата доброта,*+ како што е запишано во Јеховиниот закон,+
27 сите негови дела, од почетокот до крајот,+ сето тоа е запишано во Книгата+ за царевите на Израел и на Јуда.