2. Мојсеева 27:1-21
27 Направи жртвеник од дрвото акација, пет лакти долг и пет лакти широк. Жртвеникот+ нека биде четириаголен, три лакти висок.
2 На неговите четири агли направи му рогови.+ Роговите нека излегуваат од него, и обложи го со бакар.+
3 Направи му лонци за отстранување на мрсната пепел,* потоа лопати, садови, виљушки и пепелници. Целиот негов прибор направи го од бакар.+
4 Направи за него решетка, мрежа+ од бакар. На четирите агли од мрежата направи четири алки од бакар.
5 Стави ја мрежата под рабниот појас, внатре во жртвеникот, за да биде на средината од жртвеникот.+
6 Направи и лостови за жртвеникот, лостови од дрвото акација, и обложи ги со бакар.+
7 Лостовите нека бидат провлечени низ алките, така што лостовите ќе бидат од двете страни на жртвеникот кога ќе се носи.+
8 Направи го шуплив, од штици. Како што ти покажа тој на планината, така нека биде направен.+
9 Направи го и дворот+ на светиот шатор. На страната што гледа кон Негев, на јужната страна од дворот, нека има завеси од фино испреден лен,+ сто лакти во должина од таа страна.
10 Неговите дваесет столбови и дваесет подножја нека бидат од бакар. Клиновите на столбовите и нивните спојки нека бидат од сребро.+
11 Исто така, завесите по должината на северната страна нека бидат долги сто лакти. Дваесетте столбови и дваесетте подножја нека бидат од бакар, а клиновите на столбовите и нивните спојки — од сребро.+
12 Завесите по ширината на дворот, откај западната страна, нека бидат долги педесет лакти, со десет столбови и десет подножја.+
13 Ширината на дворот откај источната страна, кон изгрејсонцето, нека биде педесет лакти.+
14 Завесите од едната страна нека бидат долги петнаесет лакти, со три столба и со три подножја.+
15 Завесите од другата страна нека бидат долги петнаесет лакти, со три столба и три подножја.+
16 Завесата на влезот во дворот нека биде долга дваесет лакти, исткаена од сина преѓа, црвеникаво-виолетова волна, светлоцрвен материјал и фино испреден лен,+ со четири столба и четири подножја.+
17 Сите столбови околу дворот нека имаат спојки од сребро. И клиновите нека им бидат од сребро, а подножјата од бакар.+
18 Должината на дворот нека биде сто лакти,+ ширината педесет лакти и висината пет лакти. Завесите нека бидат од фино испреден лен, а подножјата од бакар.
19 Целиот прибор во шаторот што се користи за сета служба во него, сите негови клинови, а исто така и сите клинови во дворот, нека бидат од бакар.+
20 А ти заповедај им на синовите на Израел да ти донесат за осветлување чисто масло од толчени маслинки, за светилките да горат постојано.+
21 Во шаторот на средбата, надвор од завесата+ што е пред Сведоштвото, Арон и неговите синови нека ги опслужуваат за да горат пред Јехова од утро до вечер.+ Тоа е за нивните поколенија трајна одредба,+ за да ја извршуваат синовите на Израел.+
Фусноти
^ Тоа биле остатоци од изгорено дрво натопени со маста од жртвуваните животни.