3. Јованово 1:1-14

 Од старешината+ до саканиот Гај, кого вистински го сакам.+  Сакан,+ се молам да ти биде добро во сѐ+ и да бидеш здрав,+ како што ѝ е добро сега на твојата душа.+  Зашто, многу се израдував кога дојдоа браќата и посведочија дека се држиш за вистината, кога слушнав дека живееш според* вистината.+  За мене нема поголема радост од тоа да чујам дека моите деца живеат според* вистината.+  Сакан, твојата верност се гледа во сѐ што правиш за браќата,+ и тоа за оние што не ги познаваш,+  кои посведочија за твојата љубов пред собранието.* Те молам да ги испратиш на пат онака како што им прилега на Божји слуги.+  Зашто, тргнаа поради Божјето име, не земајќи ништо+ од луѓето од светот.  Затоа, ние сме должни да ги примаме таквите гостољубиво,+ за да бидеме соработници во вистината.+  Му напишав нешто на собранието, но Диотреф, кој сака да биде прв меѓу нив,+ ништо не прима од нас+ со почит.+ 10  Затоа, ако дојдам, ќе се сетам на делата што ги прави,+ зборувајќи злобно за нас.+ Но и тоа не му е доволно, туку не ги прима браќата+ со почит, а оние што сакаат да ги примат,+ се обидува да ги спречи+ и да ги исфрли+ од собранието. 11  Сакан, не земај пример од она што е зло, туку од она што е добро.+ Кој прави добро, потекнува од Бог.+ Кој прави зло, не го видел Бог.+ 12  За Димитрија сведочат сите,+ а и самата вистина. И ние сведочиме,+ а знаеш дека нашето сведоштво е вистинито.+ 13  Имав многу да ти пишувам, но не сакам повеќе да ти пишувам со мастило и со перо,+ 14  туку се надевам дека наскоро ќе те видам, па ќе разговараме лице в лице.+ Имај мир!+ Те поздравуваат пријателите.+ Поздрави ги+ пријателите по име.

Фусноти

Буквално: „одиш во“.
Буквално: „одат во“.
Види ја фуснотата за изразот „собрание“ во Мт 16:18.