5. Мојсеева 10:1-22

10  Тогаш Јехова ми рече: ‚Изделкај си две камени плочи, исти како првите,+ и качи се кај мене на планината. Направи си и ковчег од дрво.+  На тие плочи ќе ги напишам зборовите што беа на првите плочи, кои ги скрши, и стави ги во ковчегот‘.  Така, направив еден ковчег од дрвото акација и изделкав две камени плочи исти како првите,+ па се качив на планината, носејќи ги в раце двете плочи.  И Јехова ги напиша на плочите истите зборови како и пред тоа,+ Десетте заповеди,*+ кои ви ги изрече од огнот на планината+ на денот кога беше собрана вашата заедница.+ Потоа Јехова ми ги даде мене.  И јас се свртив, слегов од планината+ и ги ставив плочите во ковчегот што го бев направил, за да останат таму, како што ми заповеда Јехова.+  А Израеловите синови отидоа од Веерот-Вене-Јакан+ во Мосера. Таму умре Арон и таму беше закопан.+ А Елеазар, неговиот син, почна да служи како свештеник наместо него.+  Оттаму отидоа во Гадгад, а од Гадгад во Јотват,+ земја во која има потоци.  Тогаш Јехова го одвои племето на Леви.+ Тоа требаше да го носи ковчегот на Јеховиниот сојуз,+ да стои пред Јехова служејќи му+ и да кажува благослови во негово име, како што прави и денес.+  Затоа Леви нема ни дел ни наследство+ со своите браќа, туку Јехова е неговото наследство. Така и му рече Јехова, твојот Бог.+ 10  А јас останав на планината како и првиот пат, четириесет дена и четириесет ноќи,+ и Јехова и тој пат ме услиши.+ Јехова не сакаше да те истреби.+ 11  И Јехова ми рече: ‚Стани! Поведи го народот на пат за да влезе во земјата за која им се заколнав на неговите прататковци дека ќе му ја дадам, и нека ја заземе‘.+ 12  И сега Израеле, што бара од тебе Јехова, твојот Бог,+ освен да се боиш+ од Јехова, својот Бог, да одиш по сите негови патишта,+ да го сакаш+ Јехова, својот Бог, и да му служиш со сето свое срце и со сета своја душа,+ 13  да ги држиш Јеховините заповеди и одредби,+ кои денес ти ги давам за твое добро?+ 14  Еве, на Јехова, твојот Бог, му припаѓа небото+ и небото над небесата, земјата+ и сѐ што е на неа. 15  Но Јехова им беше приврзан само на твоите прататковци и нив ги сакаше, а по нив, од сите народи, ве избра вас, нивното потомство,+ како што се гледа денес. 16  Обрежете го срцето,+ не бидете повеќе непокорни!*+ 17  Зашто, Јехова, вашиот Бог, е Бог над боговите+ и Господар над господарите,+ Бог голем и моќен, влева страв,+ не е пристрасен+ и не прима мито,+ 18  им дава правда на детето без татко и на вдовицата,+ го сака дојденецот+ и му дава храна и облека. 19  Така и вие сакајте го дојденецот,+ зашто и самите бевте дојденци во египетската земја.+ 20  Бој се од Јехова, својот Бог.+ Нему служи му,+ за него држи се+ и во неговото име заколнувај се.+ 21  Него треба да го фалиш,+ тој е твојот Бог кој врз тебе ги направи оние големи и застрашувачки дела што ги видоа твоите очи.+ 22  Седумдесет души беа твоите прататковци кога отидоа во Египет,+ а сега Јехова, твојот Бог, ве направи бројни како ѕвездите на небото.+

Фусноти

Види ја фуснотата за 2Мо 34:28.
Или: „тврдоврати“. Буквално: „не стврднувајте ја шијата (вратот)“.