Послушност
Колку е важна послушноста?
2Мо 19:5; 5Мо 10:12, 13; Про 12:13; Јк 1:22
-
Библиски извештаи:
-
1Са 15:17-23 — Пророкот Самоил строго го укорил цар Саул за тоа што му бил непослушен на Јехова; потоа Самоил истакнал колку е важна послушноста
-
Ев 5:7-10 — Иако бил совршен Божји Син, Исус се научил да биде послушен во таа смисла што, кога дошол на Земјата, му останал послушен на својот Татко дури и кога тоа не му било лесно
-
Што треба да направи еден христијанин ако властите бараат од него да му биде непослушен на Бог?
-
Библиски извештаи:
-
Да 3:13-18 — Иако животот им бил во опасност, тројца верни Евреи одбиле да се поклонат пред еден кип кој го поставил цар Навуходоносор
-
Мт 22:15-22 — Исус објаснил дека неговите следбеници им се послушни на властите сѐ додека тие не бараат од нив да му бидат непослушни на Јехова
-
Де 4:18-31 — Апостолите продолжиле храбро да проповедаат дури и кога властите им наредиле да престанат да го прават тоа
-
Што мора да правиме за да останеме послушни на заповедите од Јехова?
5Мо 6:1-5; Пс 112:1; 1Јо 5:2, 3
Види и Пс 119:11, 112; Ри 6:17
-
Библиски извештаи:
-
Езр 7:7-10 — Верниот свештеник Езра си го подготвил срцето за да биде послушен на Божјиот закон и да ги поучува другите за него; со тоа оставил добар пример
-
Јвн 14:31 — Исус кажал зошто постапува токму онака како што му заповедал Таткото
-
Што треба да нѐ поттикне да им бидеме послушни на Јехова и на Исус?
Како со нашата послушност покажуваме дека имаме вера?
Види и 5Мо 9:23
-
Библиски извештаи:
-
1Мо 6:9-22; Ев 11:7 — Ное покажал дека има вера со тоа што изградил арка и сѐ направил токму она како што му заповедал Јехова
-
Ев 11:8, 9, 17 — Авраам ја покажал својата вера со тоа што бил послушен на Јеховините заповеди да го напушти Ур, но и да го жртвува својот син
-
Што им ветува Јехова на оние што му се послушни?
-
Библиски извештаи:
-
3Мо 26:3-6 — Јехова ветил дека ќе ги благословува и дека ќе се грижи за оние што му се послушни
-
4Мо 13:30, 31; 14:22-24 — Бидејќи Халев бил послушен, Јехова го благословил
-
Кои се последиците од непослушноста?
-
Библиски извештаи:
-
1Мо 2:16, 17; 3:17-19 — Бидејќи му биле непослушни на Јехова, Адам и Ева биле истерани од рајската градина и го изгубиле совршенството и вечниот живот
-
5Мо 18:18, 19; Де 3:12, 18, 22, 23 — Јехова претскажал дека ќе дојде Пророк кој ќе биде поголем од Мојсеј и дека оние што нема да му бидат послушни ќе претрпат страшни последици
-
Ју 6, 7 — Бунтовните ангели и жителите на Содом и Гомор со својата непослушност многу го разгневиле Јехова
-
Зошто треба да му бидеме послушни на Исус Христос?
-
Библиски извештај:
-
Јвн 12:46-48; 14:24 — Исус објаснил дека оние што не се послушни на неговите зборови ги чека неповолен суд
-
Зошто христијаните им се послушни на оние што предводат во собранието?
Зошто една сопруга треба да му биде подложна на својот сопруг?
Зошто децата треба да им бидат послушни на своите родители?
-
Библиски извештаи:
-
1Мо 37:3, 4, 8, 11-13, 18 — Младиот Јосиф го послушал својот татко и отишол кај своите браќа иако тие го мразеле
-
Лк 2:51 — Иако бил совршен, Исус им бил послушен на своите несовршени родители, Јосиф и Марија
-
Зошто е мудро да му бидеме послушни на нашиот работодавач дури и ако никој друг не нѐ гледа?
Зошто христијаните им се послушни на властите?