Решавање несогласувања
Зошто не треба да се лутиме или да се одмаздуваме кога некој ќе нѐ повреди?
Из 20:22; 24:29; Ри 12:17, 18; Јк 1:19, 20; 1Пе 3:8, 9
-
Библиски извештаи:
-
1Са 25:9-13, 23-35 — Кога Навал ги навредил Давид и неговите луѓе и одбил да им помогне, Давид реагирал непромислено така што тргнал да ги убие него и сите машки во неговиот дом; но мудриот совет од Авигеја му помогнал на Давид да не биде виновен за крв
-
Из 24:17-20 — Под водство на светиот дух, цар Соломон ги предупредил Божјите слуги дека не треба да се радуваат кога на нивните непријатели ќе им се случи нешто лошо; треба да имаат доверба дека Јехова ќе им суди на злобните
-
Ако еден христијанин има несогласување со некого, дали не треба да му зборува или да држи лутина кон него?
3Мо 19:17, 18; 1Ко 13:4, 5; Еф 4:26
-
Библиски извештај:
-
Мт 5:23, 24 — Исус објаснил дека треба да направиме сѐ што можеме за да бидеме во мир со братот кој има нешто против нас
-
Што треба да правиме кога некој ќе нѐ повреди?
Зошто треба да им простиме дури и на оние што многупати ни згрешиле ако искрено се каат?
Ако некој соверник ни згрешил и не можеме да преминеме преку тоа, на пример, ако нѐ наклеветил или нѐ измамил, кој треба да зборува со него и со која цел?
Што треба да направиме ако некој што нѐ наклеветил или нѐ измамил не сака да се покае кога зборуваме насамо со него?