Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПОГЛАВЈЕ 2

Зошто се нарекуваме Јеховини сведоци?

Зошто се нарекуваме Јеховини сведоци?

Ное

Авраам и Сара

Мојсеј

Исус Христос

Многу луѓе мислат дека „Јеховини сведоци“ е име на некоја нова религија. Но, уште пред повеќе од 2.700 години, слугите на единствениот вистински Бог биле наречени негови „сведоци“ (Исаија 43:10-12). До 1931 год., бевме познати како Истражувачи на Библијата. Зошто го усвоивме името Јеховини сведоци?

Кажува кој е нашиот Бог. Според древните ракописи, Божјето име, Јехова, се појавува илјадници пати во Библијата. Во многу преводи на Библијата ова име е заменето со титули, како што се Господ или Бог. Сепак, кога зборувал со Мојсеј, вистинскиот Бог и самиот го користел своето лично име, Јехова, и му рекол: „Тоа е моето име за навек“ (2. Мојсеева 3:15). На тој начин, Бог се издвоил од сите лажни богови. За нас е голема чест да го носиме Божјето свето име.

Покажува која е нашата задача. Почнувајќи од праведниот Авел, низ вековите многу луѓе сведочеле за својата вера во Јехова. Во овој „голем облак од сведоци“ спаѓаат и Ное, Авраам, Сара, Мојсеј, Давид и други (Евреите 11:4—12:1). Како што некој би сведочел на суд во одбрана на некое невино лице, така и ние сме решени да ја објавуваме вистината за нашиот Бог.

Го следиме примерот на Исус. Библијата го нарекува Исус „верниот и вистинит сведок“ (Откровение 3:14). Самиот Исус рекол дека ‚го објавил Божјето име‘ и дека ‚сведочел за вистината‘ за Бог (Јован 17:26; 18:37). Според тоа, вистинските следбеници на Христос треба да го носат Божјето име и да го објавуваат. Јеховините сведоци се трудат да го прават токму тоа.

  • Зошто Истражувачите на Библијата го усвоиле името Јеховини сведоци?

  • Колку долго Јехова има сведоци на Земјата?

  • Кој е најголемиот сведок на Јехова?