Биди храбар и јак
Преземи:
1. За денот нов
што самнува
го моли Бог со жар —
и за децата
и за браќата:
„Татко, дај верни да сме“.
И в мака и неволја
не губи надеж никогаш,
пак е ведра,
а една песна ѝ носи голем мир:
(РЕФРЕН)
„Ќе те зајакнам,
со тебе сум јас.
Сила твоја сум,
помош твоја сум.“
„Биди храбар и јак“,
ја бодри песната,
„штом со тебе е тој,
ќе имаш сила ти“.
(ПРЕМИН)
Цел ден на нозе е,
како мравка е
парче леб да донесе.
Пријатели број
како на ближен свој
ѝ помагаат во сѐ.
2. Се подига
на крилјата
ко орел на небо.
Дал’ ќе успее
да заврши баш сѐ?
Молитвата ѝ помага.
Уморна е, папсана,
но прави сѐ за своите.
Една песна во мислите ѝ е,
ѝ носи голем мир:
(РЕФРЕН)
„Ќе те зајакнам,
со тебе сум јас.
Сила твоја сум,
помош твоја сум.“
„Биди храбар и јак“,
ја бодри песната,
„штом со тебе е тој,
ќе имаш сила ти“.
„Штом со тебе е тој,
ќе имаш сила ти.“