Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

2. Искреност и чесност

2. Искреност и чесност

Зошто да ѝ веруваме на Библијата

2. Искреност и чесност

Искреноста е основа за да можеш да имаш доверба во некого. Некој што е познат како искрен човек може да ја стекне твојата доверба, но ако те излаже макар и еднаш, ќе ја изгуби.

БИБЛИСКИТЕ писатели биле чесни луѓе кои отворено ги запишувале работите. Нивната искреност јасно покажува дека она што го запишале е точно.

Грешки и маани. Библиските писатели отворено си ги признавале своите грешки и слабости. Мојсеј запишал дека направил грешка која скапо го чинела (4. Мојсеева 20:7-13). Асаф напишал дека некое време им завидувал на богатите затоа што живееле убаво (Псалм 73:1-14). Јона кажал дека бил непослушен и дека отпрвин имал лош став кога Бог покажал милост кон грешниците што се покајале (Јона 1:1-3; 3:10; 4:1-3). Матеј отворено кажал дека го напуштил Исус вечерта кога го уапсиле (Матеј 26:56).

Писателите на Хебрејските списи отворено пишувале за постојаното негодување и бунтување на својот сопствен народ (2. Летописи 36:15, 16). Во своите записи не штеделе никого, па дури ни своите владетели (Езекиел 34:1-10). Со слична искреност, во своите писма апостолите пишуваат за сериозни проблеми што ги имале некои христијани, меѓу кои и некои од одговорните, и за проблемите што ги имале некои собранија во првиот век од н.е. (1. Коринќаните 1:10-13; 2. Тимотеј 2:16-18; 4:10).

Гола вистина. Библиските писатели не се обидувале да ги затајат непријатните податоци за работите да звучат поубаво. Христијаните од првиот век отворено признале дека светот околу нив ги презира и ги смета за глупави (1. Коринќаните 1:26-29). Писателите запишале дека апостолите на Исус биле сметани за „неуки и обични“ луѓе (Дела 4:13).

Писателите на евангелијата не ги разубавувале фактите само за да го прикажат Исус во што е можно подобро светло. Тие искрено напишале дека се родил во скромни услови, во семејство од работничка класа, дека не учел на угледните школи во тоа време и дека повеќето луѓе не ја прифатиле неговата порака (Матеј 27:25; Лука 2:4-7; Јован 7:15).

Очигледно, Библијата дава многу докази дека е пишувана од чесни луѓе. Зарем ова не те поттикнува да ѝ веруваш?

[Слика на страница 6]

Библиските писатели, како Јона, ги запишале своите сопствени грешки