Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

5. Исполнети пророштва

5. Исполнети пророштва

Зошто да ѝ веруваме на Библијата

5. Исполнети пророштва

Да речеме дека еден метеоролог е познат по тоа што дава точни временски прогнози — и тоа секогаш. Ако каже дека ќе врне, зарем нема да си земеш чадор?

ВО БИБЛИЈАТА има многу „прогнози“, или пророштва. * Како што јасно потврдува историјата, пророштвата од Библијата секогаш се точни и се обистинуваат.

Препознатливи обележја. Библиските пророштва честопати се конкретни и се исполнуваат до најситниот детаљ. Во нив обично се зборува за многу важни работи и е претскажано токму спротивното од она што би го очекувале луѓето кои живееле во времето кога биле запишани пророштвата.

Извонреден пример. Изграден на стратешка положба од обете страни на реката Еуфрат, древниот Вавилон бил наречен „политички, религиозен и културен центар на древниот Исток“. Околу 732 год. пр.н.е., пророкот Исаија запишал едно злокобно пророштво — Вавилон ќе падне. Тој дал конкретни детали: градот ќе го освои водач што ќе се вика „Кир“, водите на Еуфрат, кои го штитат градот, ќе ‚исушат‘, а градската порта ‚нема да биде затворена‘ (Исаија 44:27 — 45:3). Околу 200 години подоцна, на 5 октомври 539 год. пр.н.е., се исполниле сите детали од ова пророштво. Грчкиот историчар Херодот (петти век пр.н.е.) потврдил како паднал Вавилон. *

Смела изјава. Исаија претскажал уште еден изненадувачки детаљ во врска со Вавилон: „Никогаш повеќе нема да биде населен“ (Исаија 13:19, 20). Навистина било смелост да се претскаже дека засекогаш ќе го снема овој голем град кој се наоѓал на многу поволно место. Нормално би било да очекуваш дека, и да биде уништен, еден таков град повторно би бил изграден. Иако Вавилон постоел уште некое време откако бил освоен, на крајот зборовите на Исаија се обистиниле. Денес, како што се вели во списанието Smithsonian, местото каде што се наоѓал Вавилон е „рамна, врела и прашлива пустелија‘.

Да размислиме само колку е значајно пророштвото на Исаија. Тоа би било исто како сега некој да прорече точно на кој начин, по 200 години, ќе биде уништен еден денешен град, како што е Њујорк или Лондон, и потоа категорично да каже дека тој град никогаш повторно нема да биде населен. Се разбира, најзначаен е фактот што пророштвото на Исаија се исполнило! *

Во овие неколку статии разгледавме некои докази на темел на кои милиони луѓе ѝ веруваат на Библијата. Затоа, тие ја сметаат за свој сигурен водич за животот. Зошто и ти не дознаеш нешто повеќе за Библијата? Така ќе можеш самиот да одлучиш дали да ѝ веруваш или не.

[Фусноти]

^ пас. 4 Временските прогнози се претпоставки за кои има голема веројатност дека ќе се случат. Библиските пророштва, пак, се вдахновени од Бог кој, доколку одлучи, може да ги води настаните.

^ пас. 6 Повеќе информации за исполнувањето на пророштвото на Исаија има на страници 27-29 во брошурата Книга за сите луѓе, издадена од Јеховините сведоци.

^ пас. 8 Повеќе примери за библиски пророштва и историски факти кои потврдуваат дека се исполниле има на страници 117-133 во книгата Библијата — Реч Божја или човечка?, издадена од Јеховините сведоци.

[Слики на страница 9]

Библијата точно прорекла дека еден водач по име Кир ќе го освои моќниот Вавилон