Поглед во светот
САД
Секој ден, над 20 поранешни припадници на Армијата на САД извршуваат самоубиство. Секој месец, околу 950 воени ветерани кои се корисници на бенефиции од Одделот за ветерани на САД се обидуваат да си го одземат животот.
Кина
„Скоро половина од жените под 30 години што одат да работат во друго место остануваат бремени иако не се во брак, што е драстичен пораст во бројот на немажени мајки [во Кина] во однос на претходната генерација“, известува весникот China Daily. Се вели дека Кинезите се „полиберални во однос на тоа... невенчаните двојки да живеат заедно“.
Грција
Во Грција маларијата повторно зема замав, иако во 1974 год. оваа болест беше речиси искоренета. Како главни виновници за ова се посочуваат економската криза и кратењето на буџетот за јавното здравство.
Индија
Едно истражување покажа дека и покрај брзите општествени промени, 74 отсто од испитаниците попрво би избрале договорен брак отколку „брак од љубов“. Неверојатни 89 отсто повеќе сакаат да живеат со роднините, наместо само со брачниот другар и децата.
Италија
„Католичката црква го губи својот сјај, како во побогатите европски земји, така и во Америка. Нашите традиции се застарени, нашите цркви се големи, а манастирите празни. Имаме сѐ повеќе администрација, нашите обреди и одежди се помпезни... Црквата е 200 години назад во времето.“ (Од интервјуто со католичкиот кардинал Карло Марија Мартини, објавено постхумно во весникот Corriere della Sera.)