Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

 СЛУЧАЈНО ИЛИ СОЗДАДЕНО?

Структурата на крилото на пеперутката

Структурата на крилото на пеперутката

КРИЛЈАТА на пеперутката се толку нежни што дури и ситни честички прашина или капки роса би можеле да ѝ го отежнат летањето. Сепак, нејзините крилја остануваат чисти и суви. Како е можно тоа?

Крилото на пеперутката е прекриено со ситни лушпи што се преклопуваат

Размисли: Група истражувачи од Државниот универзитет во Охајо ја изучуваат сината морфо пеперутка (Morpho didius) и откриле дека, иако крилјата на овој инсект со голо око изгледаат мазни, тие всушност се прекриени со ситни лушпи што се преклопуваат како ќерамиди на покрив. На површината на овие лушпи има уште поситни паралелни жлебови кои не дозволуваат нечистотијата или капките вода да се задржат на крилјата. Инженерите се трудат да ја копираат структурата на крилјата со цел да изработат високотехнолошки премази отпорни на нечистотија и вода кои ќе служат за заштита на индустриската и медицинската опрема.

Крилото на пеперутката е уште еден пример за обидите на науката да копира многу својства типични за живите организми. „Во природата, и на микро и на макро ниво, има безброј инженерски чуда кои со векови ги инспирираат луѓето“, вели истражувачот Барат Бушан.

Што мислиш? Дали крилото на пеперутката настанало по пат на еволуција или е дело на мудар Творец?