Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

 СЛУЧАЈНО ИЛИ СОЗДАДЕНО?

Ногата на коњот

Ногата на коњот

КОЊОТ (Equus caballus) може да галопира со брзина од 50 километри на час. Иако галопирањето вклучува голема физичка активност, коњот сепак троши релативно малку енергија. Како е ова возможно? Тајната се крие во неговите нозе.

Размисли што се случува кога коњот галопира. Кога ногата ќе стапне на земја, еластичните мускули и тетиви во неа складираат енергија, и потоа, многу слично како пружина, ја ослободуваат таа енергија и го оттурнуваат коњот нанапред.

Освен тоа, при галоп, нозете на коњот вибрираат со висока фреквенција, што би можело да му ги повреди тетивите. Меѓутоа, мускулите во нозете дејствуваат како амортизери. Според научниците, коњот има „многу специфична мускулатура“ во нозете која му помага да има поголема подвижност и сила.

Инженерите се трудат да изработат четириножни роботи по примерот на ногата на коњот. Меѓутоа, според Лабораторијата за биомиметичка роботика при Институтот за технологија во Масачусетс, оваа структура е толку сложена што не може лесно да се копира со сегашните материјали и знаења.

Што мислиш? Дали структурата на ногата на коњот настанала по пат на еволуција или е дело на мудар Творец?