Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

СЛУЧАЈНО ИЛИ СОЗДАДЕНО?

Вилицата на крокодилот

Вилицата на крокодилот

КРОКОДИЛОТ има посилна вилица од кое и да било друго животно. На пример, морскиот крокодил кој живее во близина на Австралија има три пати појак загриз од лавот или тигарот. Иако вилицата на крокодилот е толку силна, таа е и многу чувствителна на допир — дури почувствителна и од врвот на прстите кај човекот. Со оглед на тоа што крокодилот има тврда и дебела кожа, како е можно вилицата да му биде толку осетлива?

Вилицата на крокодилот е прекриена со илјадници сетилни органи. Откако ги анализирал сетилните органи на крокодилите, изучувачот Данкан Лич изјавил: „Секој нервен завршеток излегува од посебен отвор во черепот“. Ова ги заштитува нервните влакна во вилицата, а притоа овозможува некои места да бидат толку многу чувствителни што инструментите не можат да го измерат степенот на осетливост. Благодарение на тоа, крокодилот може во својата уста да ја разликува храната од отпадот. Поради тоа што вилицата ѝ е многу осетлива, женката крокодил може нежно да ги носи своите младенчиња во устата без да ги повреди. Вилицата на крокодилот е извонредна комбинација на сила и чувствителност.

Што мислиш? Дали вилицата на крокодилот настанала по пат на еволуција или е дело на мудар Творец?