СЛУЧАЈНО ИЛИ СОЗДАДЕНО?
Способноста на човечкото тело да ги заздравува раните
МЕЃУ бројните механизми кои го одржуваат животот на човекот е способноста на телото да ги заздравува раните и да ги обновува оштетените ткива. Процесот на заздравување започнува веднаш штом ќе настане рана.
Размисли: Процесот на заздравување се одвива благодарение на низа сложени клеточни функции:
-
Најпрво, околу раната се насобираат крвни плочки кои ја згрутчуваат крвта и ги затвораат оштетените крвни садови.
-
Потоа доаѓа до воспалителен процес, кој спречува да настане инфекција со тоа што ги отстранува бактериите и отпадоците.
-
За неколку дена, оштетеното ткиво почнува да се заменува, раната се собира, а оштетените крвни садови се обновуваат.
-
На крајот, ткивото на лузната се преобликува и го зајакнува повреденото место.
Начинот на кој се згрутчува крвта поттикнал некои истражувачи да работат на производство на пластични материјали кои ќе можат самите да си ги поправат оштетувањата. Таквите регенеративни материјали имаат тенки паралелни цевчиња што содржат две хемикалии кои протекуваат кога ќе дојде до оштетување. Притоа двете течности се мешаат и се формира гел кој се разнесува преку оштетеното место и ги затвора пукнатините и дупките. Потоа гелот се стврднува и формира супстанција која на материјалот му ја враќа првобитната цврстина. Еден истражувач признава дека начинот на кој еден нежив, синтетички материјал може самиот да се поправи и кој моментално сѐ уште е во процес на истражување „потсетува“ на она што веќе постои во природата.
Што мислиш? Дали способноста на човечкото тело да ги заздравува раните настанала по пат на еволуција или е дело на мудар Творец?