Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Простувањето може да ги угасне пламените јазици на несогласувањата

ЗА БРАЧНИ ДВОЈКИ

4. Простување

4. Простување

ШТО ЗНАЧИ ТОА

Да простиш значи да преминеш преку навредата и да се ослободиш од чувствата на огорченост. Тоа не бара од тебе да мислиш дека грешката што е направена не е толку голема или да се преправаш дека ништо не се случило.

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: Поднесувајте се еден со друг и спремно простувајте си еден на друг, ако некој има жалба против некого (Колошаните 3:13).

„Кога сакаш некого, не се концентрираш на неговите маани, туку на тоа дека се труди да стане подобра личност“ (Арон).

ЗОШТО Е ВАЖНО

Ако држиш лутина и огорченост, тоа може да ти наштети и во физички и во емоционален поглед, а може да му наштети и на твојот брак.

„Еднаш маж ми ми се извини за нешто со кое многу ме повреди. Ми беше тешко да му простам. На крајот, сепак му простив, ама ми беше жал што не го направив тоа порано. Тоа предизвика непотребна напнатост во нашиот брак“ (Јулија).

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ

ПРЕИСПИТАЈ СЕ

Следниот пат кога твојот сопружник ќе те повреди со некој збор или постапка, прашај се:

  • Дали сум пречувствителен?

  • Дали навредата е толку сериозна што мојот сопружник мора да ми се извини или можам едноставно да преминам преку неа?

РАЗГОВАРАЈ СО СВОЈОТ БРАЧЕН ДРУГАР

  • Колку време најчесто ни е потребно за да си простиме еден на друг?

  • Што може да направиме за побрзо да си простуваме?

ПРЕДЛОЗИ

  • Кога твојот сопружник ќе те навреди, не му припишувај лоши мотиви.

  • Труди се да му простиш на твојот брачен другар имајќи на ум дека „сите ние честопати грешиме“ (Јаков 3:2).

„Лесно е да простиш кога и двајцата сте згрешиле. Но, потешко е да простиш кога мислиш дека само другиот е виновен. За да прифатиш извинување и да простиш, потребно е да бидеш понизен“ (Кимберли).

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: Брзо реши го спорот (Матеј 5:25).

Ако држиш лутина и огорченост, тоа може да ти наштети и во физички и во емоционален поглед, а може да му наштети и на твојот брак