Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПОМОШ ЗА УЖАЛЕНИТЕ

Најдобрата помош за ужалените

Најдобрата помош за ужалените

БОЛКАТА ШТО ЈА ПРЕДИЗВИКУВА СМРТТА НА НЕКОЈ БЛИЗОК Е ПРЕДМЕТ НА ГОЛЕМ БРОЈ ИСТРАЖУВАЊА ВО ПОСЛЕДНИВЕ ГОДИНИ. Сепак, како што веќе видовме, најдобрите совети од експертите честопати се во склад со мудрите совети запишани во Библијата. Ова покажува дека, иако Библијата е многу стара книга, нејзините совети никогаш не застаруваат. Но, освен што содржи проверени совети, во неа има и информации кои не можат да се најдат на ниту едно друго место и кои можат да им дадат неизмерна утеха на оние на кои им починал некој близок.

  • Библијата нѐ уверува дека нашите блиски кои починале не страдаат

    Во Проповедник 9:5 стои: „Мртвите не се свесни за ништо“, а Псалм 146:4 вели дека нивните мисли пропаѓаат. Всушност, Библијата ја споредува смртта со длабок сон (Јован 11:11, 13).

  • Силната вера во Бог носи утеха

    Во Псалм 34:15 пишува: „Очите на Јехова * ги гледаат праведниците и ушите негови го слушаат нивниот повик за помош“. Тоа што во молитва ќе му ги изразиме нашите чувства на Бог е повеќе отколку само добра терапија или начин на кој ќе си ги средиме мислите. Всушност, молитвата ни помага да изградиме близок однос со нашиот Творец, кој има моќ да нѐ утеши.

  • Библијата ни дава надеж за подобра иднина

    Замисли си го времето кога оние што починале повторно ќе бидат вратени во живот овде на Земјата. Во Библијата повеќе пати се спомнува она што ќе се случи во иднина. Во врска со условите кои тогаш ќе владеат на Земјата, во неа пишува: „[Бог] ќе ја избрише секоја солза од нивните очи и смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка“ (Откровение 21:3, 4).

Многумина кои веруваат во Јехова Бог, можат полесно да ги поднесат тагата и болката затоа што имаат надеж дека повторно ќе ги видат своите блиски што починале. На пример, Ен, која го изгубила својот сопруг по 65 години брак вели: „Библијата ме уверува дека нашите блиски кои починале не страдаат и дека Бог ќе ги воскресне сите кои се во неговото сеќавање. Секогаш кога ќе помислам на загубата, овие мисли ме тешат и затоа можам да се соочам со најужасната работа која некогаш ми се случила“.

Тина, која беше спомната претходно, вели: „Од денот кога Тимо почина, чувствувам дека Бог е со мене. Тој ми помагаше кога ми беше најтешко. И библиското ветување за воскресението ми е многу реално. Тоа ми дава сила да продолжам понатаму сѐ до денот кога повторно ќе го видам Тимо“.

Милиони лица кои се уверени дека Библијата е достојна за доверба ги делат истите чувства и истата надеж. Дури и ако сметаш дека она што е запишано во Библијата е само сон, нема ништо да изгубиш ако ги испиташ доказите кои покажуваат дека можеме да имаме доверба во нејзините совети и ветувања. Можеби ќе откриеш дека Библијата ја нуди најдобрата помош за ужалените.

ДОЗНАЈ НЕШТО ПОВЕЌЕ ЗА ВОСКРЕСЕНИЕТО

Гледај видеоклипови поврзани со оваа тема на нашата интернет-страница jw.org

Библијата ветува дека во иднина ќе ги пречекаме нашите блиски кои починале

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЛУЃЕТО ПО СМРТТА?

Што се случува по смртта? Одговорот што го дава Библијата ни влева утеха и надеж.

Оди на БИБЛИОТЕКА > ВИДЕОСОДРЖИНИ (Видеотека: БИБЛИЈА)

САКАТЕ ЛИ ДОБРА ВЕСТ?

Во овој свет кој е полн со лоши вести, можеме ли да најдеме добра вест?

Оди на БИБЛИСКИ УЧЕЊА > МИР И СРЕЌА

^ пас. 7 Јехова е името на Бог, кое го дознаваме од Библијата.