Вистината за Бог и за Христос
Иако луѓето почитуваат разни богови, има само еден вистински Бог (Јован 17:3). Тој е „Севишниот“, Творецот на сѐ и изворот на животот. Само тој заслужува да му оддаваме чест и слава (Даниел 7:18; Откровение 4:11).
Кој е Бог?
Како се вика Бог? Самиот тој вели: „Јас сум Јехова. Тоа е моето име“ (Исаија 42:8). a Божјето лично име се појавува околу 7.000 пати во изворниот текст на Библијата. Но, многу преведувачи несоодветно го заменуваат со титули, како што е „Господ“. Бидејќи сака да му бидеш пријател, Бог те поттикнува да го користиш неговото име (Псалм 105:1).
Некои титули на Јехова. Во Библијата се користат титули за Јехова, како што се „Бог“, „Семоќен“, „Творец“, „Татко“, „Господар“ и „Севишен“. Во неа се запишани многу молитви во кои луѓето му се обраќале на Бог и со соодветна титула и со неговото лично име, Јехова (Даниел 9:4).
Јован 4:24). Библијата вели дека „ниту еден човек никогаш не го видел Бог“ (Јован 1:18). Исто така, таа ни открива дека тој има чувства. Луѓето можат да му нанесат болка или да му носат радост (Изреки 11:20; Псалм 78:40, 41).
Каков е Бог? Тој е невидлив дух (Бог има прекрасни особини. Тој е непристрасен кон луѓето од сите народи и култури (Дела 10:34, 35). Освен тоа, Бог е „милосрден и љубезен, бавен на гнев, полн со милост и вистина“ (2. Мојсеева 34:6, 7). Сепак, четири негови особини се особено истакнати во Библијата.
Моќ. Бидејќи е Семоќен, Бог има неограничена моќ и може да ги исполни сите свои ветувања (1. Мојсеева 17:1).
Мудрост. Затоа што никој друг не е помудар од Бог, Библијата вели дека тој е „единствениот мудар“ (Римјаните 16:27).
Правда. Бог секогаш постапува исправно. Неговите дела се совршени, и кај него нема неправда (5. Мојсеева 32:4).
Љубов. Библијата вели дека „Бог е љубов“ (1. Јованово 4:8). Тој не само што покажува љубов, туку е вистинско олицетворение на оваа особина. Неговата ненадминлива љубов влијае врз сите негови постапки, а нам ни користи на многу начини.
Бог сака луѓето да му бидат пријатели. Тој е наш небесен Татко полн со љубов (Матеј 6:9). Ако имаме вера во него, можеме да бидеме негови блиски пријатели (Псалм 25:14). Всушност, Бог нѐ повикува да се зближиме со него така што ќе му се молиме. Бидејќи нѐ сака, тој нѐ поттикнува слободно да му кажеме за сѐ што нѐ загрижува (Јаков 4:8; 1. Петрово 5:7).
Која е разликата меѓу Бог и Христос?
Исус не е Бог. Исус е посебен во таа смисла што е единствениот кој бил создаден директно од Бог. Затоа Библијата го нарекува Божји Син (Јован 20:31). Откако го создал Исус, Јехова го користел овој свој првороден Син како „вешт градител“ за создаде сѐ друго (Изреки 8:30, 31; Колошаните 1:15, 16).
Јован 7:29). Кога зборувал со една жена, Исус рекол дека Јехова е негов Татко и негов Бог (Јован 20:17). Откако Исус умрел, Јехова го воскреснал за живот на небото и го поставил од својата десна страна давајќи му огромна власт (Матеј 28:18; Дела 2:32, 33).
Исус Христос никогаш не кажал за себе дека е Бог. Напротив, во врска со Бог, тој рекол: „Јас... сум негов застапник, и тој ме испрати“ (Исус Христос може да ти помогне да се зближиш со Бог
Исус дошол на Земјата за да нѐ поучи за својот Татко. Самиот Јехова го рекол следново во врска со него: „Ова е мојот сакан Син! Него слушајте го!“ (Марко 9:7). Исус го познава Бог најдобро од сите. Тој рекол: „Никој не знае кој е Таткото, освен Синот и оној кому Синот сака да му го открие“ (Лука 10:22).
Исус совршено ги одразува Божјите особини. Бидејќи бил толку сличен на својот Татко, Исус можел да каже: „Кој ме видел мене, го видел и Таткото“ (Јован 14:9). Тој им помагал на луѓето да се зближат со Бог така што им покажувал и со своите зборови и со своите постапки колку многу Јехова ги сака. Исус рекол: „Јас сум патот и вистината и животот. Никој не доаѓа кај Таткото, освен преку мене“ (Јован 14:6). Исто така, тој рекол: „Вистинските поклоници ќе му оддаваат почит на Таткото со дух и со вистина, зашто Таткото бара такви да го почитуваат“ (Јован 4:23). Замисли! Јехова бара луѓе како тебе кои сакаат да ја дознаат вистината за него.
a Види во Осија 12:5, Превод на МПЦ — издание од 1991 год.