Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

СТРАЖАРСКА КУЛА Бр. 1, 2023 | Ментално здравје — совети од Библијата

Милиони луѓе низ целиот свет, без разлика на возраста, економскиот статус, степенот на образование, националноста и религиозната припадност, се справуваат со мачни симптоми кои се последица на проблеми поврзани со менталното здравје. Што се ментални заболувања и како тие влијаат врз луѓето? Во ова списание ќе разгледаме колку е важно да се побара соодветна стручна помош и како може Библијата на практични начини да им помогне на оние кои страдаат од вакви нарушувања.

 

Менталното здравје на удар

Менталните нарушувања погодуваат луѓе од најразлични возрасти и потекло. Дознај како советите од Библијата можат да ти помогнат кога станува збор за менталното здравје.

Бог се грижи за тебе

Зошто може да бидеме уверени дека Јехова Бог ги разбира нашите мисли и чувства подобро од кој и да било друг?

1 | Молитва — „сите свои грижи фрлете ги на него“

Дали навистина може да му се молиш на Бог за секоја грижа или мисла што те вознемирува? Колку може да им помогне молитвата на оние што страдаат од анксиозност?

2 | Утеха од Светото писмо

Пораката од Библијата ни дава вистинска надеж дека болните чувства наскоро ќе бидат минато.

3 | Како може да ни помогнат примерите од Библијата

Библиските извештаи за мажи и жени кои се бореле со исти чувства како нашите може да ни помогнат да се чувствуваме помалку осамено кога се соочуваме со вознемирувачки чувства.

4 | Библијата дава практични совети

Дознај како тоа што ќе размислуваш за некои библиски стихови и ќе си поставуваш разумни цели може да ти помогне да се справиш со тешкотиите поврзани со твоето ментално здравје.

Како да им помогнеме на оние што страдаат од некое ментално нарушување

Тоа што ќе му пружиш поддршка на некој твој пријател што страда од некое ментално нарушување може да му биде од голема помош.