Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Треба ли децата да учат за Бог?

Треба ли децата да учат за Бог?

Треба ли децата да учат за Бог?

„Доволно сме религиозни за да се мразиме, но не и за да се сакаме“ (ЏОНАТАН СВИФТ, АНГЛИСКИ ПИСАТЕЛ)

СВИФТ ги кажал овие зборови во 18 век, но и денес многу луѓе се согласуваат со него. Всушност, некои веруваат дека родителите не треба да ги поучуваат своите деца за Бог. Тие сметаат дека не е добро децата да растат со побожни родители.

Што мислиш ти? Која од следниве изјави ти звучи најразумно?

● Родителите не треба да ги поучуваат своите деца за Бог.

● Родителите треба да чекаат децата да пораснат, па дури тогаш да зборуваат со нив за религија.

● Додека децата се мали, родителите треба да им ги пренесат своите верувања за Бог. Но, како што тие растат, родителите треба да ги поттикнуваат сами да размислуваат за тоа.

● Децата мора да ги прифатат верувањата на своите родители.

Дали религијата е штетна за децата?

Ниеден грижлив родител не му мисли лошо на своето дете. Но, дали фактите им одат во прилог на оние што велат дека децата не треба да учат за Бог? Со децении истражувачите анализирале како влијае религијата на родителите врз децата. До какви заклучоци дошле?

Тие дошле до заклучок дека религијата нема негативно туку позитивно влијание врз развојот на детето. Во 2008 год., во еден напис објавен во списанието Social Science Research * пишувало: „Утврдено е дека религијата ги зближува децата со родителите, како со мајките така и со татковците“. Во истиот текст стоело и следново: „Изгледа дека религијата и духовноста играат голема улога во животот на многу деца и дека се многу важни во семејните односи“. Забележи колку се слични тие сознанија со она што го рекол Исус Христос: „Среќни се оние што настојуваат да ги задоволат своите духовни потреби“ (Матеј 5:3).

Што да се каже за ставот дека децата прво треба да пораснат, па дури тогаш да учат за Бог и за религијата? Во тоа гледиште не е земен предвид фактот дека умот на детето е како празен лист хартија. Значи, родителите треба да одлучат дали да го испишат тој лист дома со морални начела и верувања што сметаат дека се исправни или, пак, да дозволат срцето и умот на детето да бидат преплавени со идеи од улица.

Во што е тајната?

Историјата покажува дека религијата може да разгори верска нетрпеливост и омраза. Што можат да сторат родителите за да не се случи она што го рекол Џонатан Свифт? Како да ги поучат своите деца за верувања кои ќе им помогнат да ги сакаат другите?

Тајната на успехот лежи во одговорот на следниве три прашања: 1) Што треба да научат децата? 2) Кој треба да ги поучува? 3) Кои методи на поучување се најуспешни?

[Фуснота]

^ пас. 11 Ова истражување се темелело на информациите добиени од преку 21.000 деца што живеат во Соединетите Држави, како и од нивните родители и наставници.