Прво прашање: Дали мојот живот има смисла?
РОЗАЛИНД, која пораснала во Англија, имала незгаслива жед за знаење. Исто така, многу сакала да им помага на луѓето. Откако дипломирала, имала угледна работа со која им помагала на бездомниците, а освен тоа им помагала и на лицата што биле инвалиди и имале тешкотии во учењето. И покрај тоа што имала убаво работно место и материјално добро стоела, таа вели: „Со години се прашував: ‚Зошто постоиме?‘ и ‚Која е смислата на животот?‘“
Зошто да си го поставиме ова прашање?
Луѓето не се како животните, кои не размислуваат. Ние имаме способност да учиме од минатото, да ја планираме иднината и да бараме смисла во животот.
Каков одговор даваат некои?
Мнозина сметаат дека главната смисла во животот е да се стекне богатство или слава бидејќи само така човек ќе биде среќен.
Што би значел тој одговор?
Дека секој сам си одредува што е најважно во животот. Божјата волја не е толку битна колку нашите желби.
Што вели Библијата?
Цар Соломон собрал огромно богатство и вкусил многу задоволства, но сфатил дека сите тие работи не му даваат трајна смисла на животот. Тој напишал која е вистинската смисла на животот: „Заклучокот на сето она што го чу е: бој се од вистинскиот Бог и држи ги неговите заповеди. Зашто, тоа е целата должност на човекот“ (Проповедник 12:13). Што е вклучено во тоа да се држат Божјите заповеди?
Бог сака да уживаме во животот. Соломон напишал: „За човекот нема ништо подобро отколку да јаде и да пие и душата Проповедник 2:24).
да му ужива во добрите работи од неговиот труд. Гледам дека и тоа доаѓа од раката на вистинскиот Бог“ (Исто така, Бог бара од нас да си го сакаме семејството и да се грижиме за него. Забележи какви едноставни, но практични совети му дава на секој член на семејството.
-
„Мажите треба да ги сакаат своите жени како своите тела“ (Ефешаните 5:28).
-
„Жената длабоко да го почитува својот маж“ (Ефешаните 5:33).
-
„Деца, слушајте ги своите родители“ (Ефешаните 6:1).
Ако ги применуваме овие библиски начела, ќе бидеме радосни и задоволни до извесна мера. Меѓутоа, најважно е да дознаеме сѐ што можеме за нашиот Творец и да се зближиме со него како со наш Пријател. Всушност, Библијата нѐ советува ‚да му се приближиме на Бог‘. Потоа го дава следново значајно ветување: „И тој ќе ви се приближи вам“ (Јаков 4:8). Ако се зближиш со Бог, твојот живот ќе добие вистинска смисла.
Розалинд, која ја спомнавме во почетокот, сега смета дека ја нашла смислата на животот. На 10. страница од ова списание можеш да прочиташ што ја навело да го промени своето гледиште.