Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ДАЛИ СИ МУ ВАЖЕН НА БОГ?

Бог ти дава утеха

Бог ти дава утеха

„Бог, кој ги теши потиштените, нѐ утеши“ (2. КОРИНЌАНИТЕ 7:6)

„Синот Божји... ме сакаше и се предаде себеси за мене“ (ГАЛАТИТЕ 2:20)

ЗОШТО НЕКОИ СЕ СОМНЕВААТ ВО ТОА: Дури и кога очајно им треба утеха, некои луѓе сметаат дека е себично да го молат Бог да им помогне да излезат на крај со своите проблеми. „Кога ќе помислам на тоа колку луѓе има во светот — и со колку сериозни проблеми се соочуваат“, вели Ракел, „моите грижи ми изгледаат толку безначајни што не сакам да го молам Бог за помош“.

ШТО ВЕЛИ БОЖЈАТА РЕЧ: Бог веќе направил нешто посебно за да ни помогне и да нѐ утеши. Како што знаеме, секој човек на Земјата има наследено грев, што значи дека не може совршено да ги исполни Божјите барања. Сепак, Бог „нѐ сакаше нас и го испрати својот Син [Исус Христос] како жртва помирница за нашите гревови“ (1. Јованово 4:10). Преку жртвената смрт на Исус, Бог ни овозможил да ни бидат простени гревовите и да имаме чиста совест, како и надеж за вечен живот во еден мирољубив нов свет. * Но, дали таа жртва важи само за човечкиот род општо земено или е дадена и за тебе лично?

Да го спомнеме како пример апостол Павле. Тој бил толку трогнат од жртвата на Исус што напишал: „Живеам поради верата во Синот Божји, кој ме сакаше и се предаде себеси за мене“ (Галатите 2:20). Точно, Исус умрел уште пред Павле да стане христијанин. Сепак, Павле гледал на таа жртва како на Божји дар наменет лично за него.

Жртвата што ја направил Исус со тоа што умрел претставува Божји подарок и за тебе. Тој дар покажува колку си скапоцен во Божји очи. Може да ти даде „вечна утеха и прекрасна надеж“ и ,да те зацврсти во секое добро дело и збор‘ (2. Солуњаните 2:16, 17).

Но, Исус го дал својот живот како жртва пред речиси 2.000 години. Како можеме да знаеме дека Бог и во денешно време сака да биде близок со нас?

^ пас. 5 За да дознаеш нешто повеќе за жртвата на Исус, види во поглавје 5 од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци.