Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ДАЛИ ПОСТОИ ЃАВОЛ?

Дали постои Ѓавол?

Дали постои Ѓавол?

Скулптура во Мадрид (Шпанија), на која Ѓаволот е прикажан како злобен, паднат ангел

„Пораснав во Ел Салвадор. Секогаш кога ќе бев немирен, мајка ми ќе ми речеше: ‚Сега ќе дојде Ѓаволот да те земе!‘ Јас ќе ѝ одговорев: ‚Па нека дојде!‘ Верував дека постои Бог, но не и дека постои Ѓавол“ (РОХЕЛИО).

Дали и ти го мислиш истото? Со кое од следниве гледишта се согласуваш:

  • Ѓавол не постои; тој е само симбол на злото.

  • Ѓаволот постои, но не им обрнува внимание на луѓето.

  • Ѓаволот е моќно духовно суштество кое врши силно влијание врз човештвото.

Секое од овие гледишта го застапуваат можеби дури и милиони луѓе. Важно ли е кое гледиште е точно? Па, ако Ѓаволот не постои, тогаш оние што мислат дека е вистинска личност се измамени. Ако Ѓаволот постои но не им обрнува внимание на луѓето, тогаш многумина без потреба се претпазливи, па дури и се плашат од него. Меѓутоа, ако Ѓаволот е злобен измамник, тогаш е поопасен отколку што мислат повеќето луѓе.

Да видиме каков одговор дава Библијата на следниве прашања: Што или кој е Ѓаволот — дали е симбол на злото или е духовна личност? Ако Ѓаволот е личност, дали претставува опасност за тебе? Во тој случај, како би можел да се заштитиш од него?