УГЛЕДАЈТЕ СЕ НА НИВНАТА ВЕРА | ЈОСИФ
„Зарем не е Бог тој што ги толкува соништата?“
ЈОСИФ уште еднаш поминал низ темниот ходник, бришејќи си ја потта од лицето. Топлината била неподнослива. Египетското сонце го загревало затворот како фурна. На моменти му се чинело дека веќе ја знае секоја цигла од тоа место, секоја пукнатинка по ѕидовите. Меѓу тие ѕидови се наоѓал целиот негов свет. Иако другите во затворот многу го ценеле, сепак и тој бил само еден затвореник.
Сигурно често се сеќавал на животот во високите карпести ридови на Хеврон, каде што некогаш ги чувал стадата на својот татко, Јаков. Со колкав копнеж помислувал на слободата што ја имал тогаш! Кога имал 17-тина години, татко му го пратил да изврши една задача која на крајот го однела далеку од дома. Неговите љубоморни браќа го замразиле од дното на душата и го продале како роб. Бил одведен во Египет, каде што почнал да служи во домот на египетскиот дворјанин Петефри. Јосиф ја стекнал довербата на својот господар, но жена му на Петефри го обвинила за силување. Поради ова лажно обвинение, Јосиф завршил в затвор * (1. Мојсеева, поглавја 37, 39).
Сега, Јосиф имал 28 години и веќе околу една деценија бил роб и затвореник. Животот воопшто не му бил таков каков што си го замислувал. Дали некогаш повторно ќе биде слободен? Ќе го види ли повторно својот драг остарен татко или, пак, своето сакано братче, Венијамин? До кога ќе гние во таа дупка?
Дали и ти си се чувствувал како Јосиф? Понекогаш животот воопшто не е таков каков што сме се надевале дека ќе ни биде во младоста. Може да ни се чини дека болните ситуации немаат крај и дека е тешко да се најде излез или да се издржи. Да видиме што можеме да научиме од Јосиф, кој покажал извонредна вера.
„ЈЕХОВА И ПОНАТАМУ БЕШЕ СО ЈОСИФ“
Јосиф знаел дека неговиот Бог, Јехова, не го заборавил, и таа мисла сигурно му помагала да истрае. Дури и во затворот во таа туѓа земја, Јехова постојано го благословувал. Во Библијата пишува: „Јехова и понатаму беше со Јосиф и беше милостив кон него, па дозволи да најде милост во очите на затворскиот управител“ (1. Мојсеева 39:21-23). Јосиф работел трудољубиво, па неговиот Бог имал зошто да го благослови. Колку го утешувало тоа што знаел дека Јехова бил секогаш со него!
Дали Јехова ќе дозволел Јосиф засекогаш да остане во тој затвор? Јосиф не го знаел одговорот на тоа прашање, но можеме да бидеме уверени дека му ги искажувал своите чувства на Бог во молитва. Како што често се случува, одговорот го добил на начин што најмалку го очекувал. Еден ден, затворот се разџагорил — пристигнале двајца нови затвореници, дворјани на фараонот. Едниот бил главниот пекар на царот, а другиот бил царевиот главен пехарник (1. Мојсеева 40:1-3).
Заповедникот на телесната стража му ја доверил на Јосиф грижата за тие двајца луѓе кои * Една ноќ, и двајцата сониле живописен и необичен сон. Кога ги видел изутрината, Јосиф веднаш забележал дека се вознемирени. Затоа ги прашал: „Зошто ви се лицата денес толку тажни?“ (1. Мојсеева 40:3-7). Бидејќи бил многу љубезен со нив, двајцата мажи увиделе дека можат слободно да му кажат што ги мачи. Јосиф не ни помислувал дека тој разговор ќе води до една голема пресвртница во неговиот живот. Ако Јосиф не бил заинтересиран за доброто на другите, дали воопшто ќе дошло до тој разговор? Тоа што решил да им пријде може да нѐ поттикне да се прашаме: ‚Дали верата во Бог ме мотивира да се интересирам за доброто на другите?‘
претходно биле на висока положба.Двајцата дворјани објасниле дека се вознемирени поради своите живописни и необични соништа, а и поради тоа што немало кој да им ги протолкува. Египќаните им придавале голема важност на соновите и многу се потпирале на луѓето што тврделе дека умеат да толкуваат соништа. Пехарникот и пекарот не знаеле дека нивните соништа доаѓале од Јехова, Богот на Јосиф. Но, Јосиф го знаел тоа. Тој ги успокоил: „Зарем не е Бог тој што ги толкува соништата? Ве молам, раскажете ми што сте сониле“ (1. Мојсеева 40:8). Овие зборови на Јосиф до ден-денес имаат големо значење за оние што искрено ја проучуваат Библијата. Колку поинаку би било кога секој што верува во Бог би покажал иста таква понизност! Сите ние треба да ја тргнеме гордоста настрана и да се потпреме на Бог за да дојдеме до исправно толкување на Неговата реч! (1. Солуњаните 2:13; Јаков 4:6).
Пехарникот прв почнал да го раскажува својот сон. Му кажал на Јосиф дека сонил лоза со три ластари на кои имало гроздови. Гроздовите узреале и пехарникот му исцедил сок на фараонот во неговиот пехар. Благодарение на Јехова, Јосиф веднаш знаел кое е значењето на сонот. Му кажал на пехарникот дека трите ластари значат три дена, и дека по толку време фараонот ќе го врати на неговата служба. Пехарникот почувствувал големо олеснување, а Јосиф продолжил: „Те молам, направи ми добро дело, па спомни ме пред фараонот“. Јосиф му објаснил дека бил сосила одведен од својот дом и бил фрлен в затвор без никаква причина (1. Мојсеева 40:9-15).
Кога пекарот слушнал дека сонот на пехарникот носел добри вести, и тој посакал да чуе што значи неговиот сон. Во него, тој видел три кошници со леб на својата глава и птици што јаделе од едната кошница. Бог му помогнал на Јосиф да го протолкува и овој сон. Но, пекарот не го чекале добри вести. Јосиф рекол: „Ова е значењето: трите кошници се три дена. По три дена фараонот ќе те изведе од затворот, па ќе ти ја отсече главата и ќе те обеси на столб, а птиците ќе јадат 1. Мојсеева 40:16-19). Како што правеле сите верни слуги на Бог, и Јосиф смело ги објавил Божјите пораки — и добрата и лошата вест (Исаија 61:2).
месо од тебе“ (По три дена, зборовите на Јосиф се исполниле. Фараонот приредил роденденска гозба — обичај што Божјите слуги од библиски времиња не го правеле — и ја објавил пресудата за двајцата свои слуги. Токму како што прорекол Јосиф, пекарот бил погубен а пехарникот бил повторно вратен на својата служба. За жал, овој неблагодарен човек заборавил на добрината што му ја направил Јосиф (1. Мојсеева 40:20-23).
„ТОА НЕ ЗАВИСИ ОД МЕНЕ!“
Поминале цели две години (1. Мојсеева 41:1). Замисли колку тешко мора да му било на Јосиф! Веројатно повеќе од кога и да било порано се надевал дека конечно ќе се извлече од затворот затоа што Јехова му го открил значењето на чудните соништа на пехарникот и пекарот. Можеби секое утро се будел со нова надеж дека тоа е денот кога ќе биде ослободен. Но, времето си течело, а во неговиот празен затворски живот ништо не се менувало. Тие две години сигурно биле најтешките години во животот на Јосиф. Сепак, ни за миг не ја изгубил довербата во својот Бог, Јехова. Наместо да падне во очај, Јосиф бил решен да истрае. Така, овој тежок период од неговиот живот само го направил уште поцврст (Јаков 1:4).
Во овие тешки времиња, кому од нас не му е потребна истрајност? За да останеме исправени пред секојдневните проблеми во животот, потребни ни се решителноста, трпеливоста и внатрешниот мир што може да ни ги даде само Бог. Исто како што му помогнал на Јосиф, тој може да ни помогне и нам да се избориме со очајот и да ја зачуваме надежта (Римјаните 12:12; 15:13).
Иако пехарникот го заборавил Јосиф, Јехова не го заборавил. Една вечер, фараонот сонил два многу чудни сона. Тие дошле од Јехова. Во првиот сон, фараонот видел седум убави, дебели крави што излегле од реката Нил, а по нив излегле седум грди, слаби крави. Слабите крави ги проголтале дебелите. Потоа фараонот сонил стебленце со седум убави класови. Но, изникнале други седум класови, исушени од ветрот и трошни, и ги проголтале седумте убави класови. Утрото, фараонот се разбудил длабоко вознемирен поради своите соништа и ги повикал сите мудреци и гатачи за да му ги протолкуваат. Но, никој од нив не успеал да го направи тоа (1. Мојсеева 41:1-8). Не знаеме дали мудреците и гатачите само стоеле занемено или, пак, се обидувале на разни начини да дадат некакво толкување. Како и да било, фараонот останал разочаран. Но, тоа не го спречило да продолжи да го бара одговорот на загатката.
Најпосле, пехарникот се сетил на Јосиф! Совеста почнала да го пече и му кажал на фараонот за необичниот млад човек што две години претходно во затворот точно ги протолкувал и неговиот сон и сонот на пекарот. Фараонот веднаш наредил да го повикаат Јосиф од затворот (1. Мојсеева 41:9-13).
Замисли си како се почувствувал Јосиф кога ги видел гласниците кои по царска заповед дошле да го одведат кај фараонот! Веднаш облекол друга облека и ја избричил брадата, а веројатно и косата, како што било обичај кај Египќаните. Без сомнение, многу го молел Јехова да му помогне во неговиот разговор со фараонот! Наскоро се нашол во раскошниот двор на царската палата. Застанал пред самиот фараон! Библијата кажува што се случило понатаму. „Тогаш фараонот му рече на Јосиф: ‚Сонив сон, но никој не може да го протолкува. А чув дека се зборува за тебе оти си можел да протолкуваш сон кога ќе го чуеш‘.“ Со својот одговор, Јосиф повторно покажал колку бил понизен и колкава вера имал. Тој рекол: „Тоа не зависи од мене! Бог е тој што ќе му објави благосостојба на фараонот“ (1. Мојсеева 41:14-16).
Јехова ги сака понизните и верни луѓе, па затоа не е ништо чудно што му го дал на Јосиф одговорот до кој ниту еден од мудреците или свештениците не можел да дојде. Јосиф објаснил дека двата сона на фараонот имале исто значење. Со тоа што истата порака ја потврдил со два сона, Јехова сакал да нагласи дека ‚цврсто одлучил‘ да се исполни она што го прорекол. Дебелите крави и убавите класови означувале седум родни години во Египет, додека слабите крави и ситните класови претставувале седум гладни години кои требало да настапат по родните години. Гладот ќе бил толку голем што дури ќе се заборавело дека 1. Мојсеева 41:25-32).
земјата некогаш раѓала во изобилство (На фараонот веднаш му било јасно дека Јосиф точно ги протолкувал соништата. Но, можело ли нешто да се направи? Јосиф имал предлог. Фараонот требало да најде „разборит и мудар човек“ кој во текот на седумте години изобилство ќе го организирал и надгледувал собирањето на вишокот од родот во складишта, а кога ќе настапел гладот ќе им ја делел таа храна на луѓето (1. Мојсеева 41:33-36). Јосиф имал големо искуство и способности и можел многу успешно да ја изврши таа задача, но не се предложил себеси. Бидејќи бил понизен човек, такво нешто за него било незамисливо. А бидејќи имал силна вера, сметал дека нема ни потреба од тоа. Ако навистина имаме вера во Јехова, нема да сакаме по секоја цена да постигнеме нешто или, пак, да се истакнуваме над другите. Можеме сосема спокојно да ги оставиме работите во Јеховини раце!
„МОЖЕМЕ ЛИ ДА НАЈДЕМЕ ДРУГ ЧОВЕК КАКО ОВОЈ?“
Планот на Јосиф очигледно бил добар, како што брзо сфатиле фараонот и неговите слуги. Освен тоа, фараонот увидел дека зад мудриот план на Јосиф стоел Јехова, неговиот Бог. На слугите што биле присутни им рекол: „Можеме ли да најдеме друг човек како овој, во кого е духот Божји?“ А на Јосиф му се обратил со зборовите: „Кога Бог тебе ти дал да го знаеш сето ова, никој не е толку разборит и мудар како што си ти. Ти ќе бидеш управител во мојот дворец и сиот мој народ безусловно ќе ти се покорува. Само со престолот јас ќе бидам поголем од тебе“ (1. Мојсеева 41:38-41).
Фараонот си стоел на зборот. Наскоро, Јосиф добил облека од фин лен, златен синџир за на вратот, печатен прстен, царска кола, како и целосна власт да патува низ египетската земја и да го спроведе својот план (1. Мојсеева 41:42-44). За само еден ден, Јосиф се нашол од затвор во царска палата. Утрото се разбудил како обичен затвореник, а вечерта си легнал како втор владетел во царството, веднаш по фараонот. Колку јасно се видело дека воопшто не било залудно тоа што Јосиф покажал вера во Јехова Бог! Јехова ги видел сите неправди што ги доживеал неговиот слуга низ годините. Тој ги средил работите во вистинско време и на вистински начин. Но, на Јехова не му била целта само да ги исправи неправдите што му биле нанесени на Јосиф туку и да го сочува неговото семејство од кое подоцна настанал израелскиот народ. Во некоја од следните статии од оваа рубрика ќе видиме како го сторил тоа.
Ако се соочуваш со тешка ситуација — можеби некоја неправда која трае со години — не очајувај. Сети се на Јосиф. Поради тоа што никогаш не престанал да биде љубезен, понизен, истраен и да има силна вера, му дал многу причини на Јехова да го благослови.
^ пас. 4 Види ги двете статии што излегоа во рубриката „Угледајте се на нивната вера“, во изданијата на Стражарска кула од 1 август и 1 ноември 2014.
^ пас. 10 Во древниот Египет се правеле над 90 различни видови лебови и погачи. Според тоа, главниот пекар на фараонот бил важен човек. А главниот пехарник бил одговорен над група слуги кои се грижеле виното или пивото што го пиел фараонот да бидат со врвен квалитет и кои внимавале некој да не се обиде да го отруе владетелот, бидејќи во тоа време во царскиот двор многу често се случувало некој да биде отруен. Неретко, пехарникот му бил и доверлив советник на царот.