Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Одговор на библиски прашања

Одговор на библиски прашања

Каква иднина му претстои на човештвото?

Како исус овозможил во иднина да има општество во кое ќе владее љубов?

Без сомнение, луѓето и понатаму ќе доаѓаат до нови научни сознанија. Но дали ќе успеат да создадат општество во кое сите ќе се грижат еден за друг? Не. Денес во светот се раширени себичноста и алчноста. Сепак, Бог има намера да направи една голема промена. (Прочитај 2. Петрово 3:13.)

Божјата Реч ни кажува дека во иднина луѓето ќе живеат во свет полн со љубов. Сите ќе бидат во мир и нема да им се заканува никаква опасност. (Прочитај Михеј 4:3, 4.)

Како ќе биде искоренета себичноста?

На почетокот, Бог ги создал првите луѓе без трошка себичност. Но, кога тие се побуниле против него, станале несовршени. Со тоа, на сите свои потомци им ја пренеле склоноста кон себичност. Сепак, Бог преку Исус ќе им помогне на луѓето повторно да станат совршени. (Римјаните 7:21, 24, 25.)

Во склад со Божјата волја, Исус го дал својот живот како жртва за да нѐ спаси од последиците што ги трпиме поради непослушноста на првиот човек (Римјаните 5:19). Со тоа, Исус ни овозможил прекрасна иднина. Тогаш, ќе биде искоренета себичноста која денес нѐ тера да правиме лоши работи. (Прочитај Псалм 37:9-11.)