Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА

Како гледа Бог на војните?

Како гледа Бог на војните?

Како би одговорил на ова прашање? Многумина мислат дека Бог ги одобрува војните. Зошто мислат така? Затоа што во Библијата пишува дека во минатото Бог честопати му заповедал на својот народ да војува. Од друга страна, некои мислат дека Бог го сменил своето гледиште и дека денес не ги одобрува војните. Зошто дошле до ваков заклучок? Поради тоа што во Библијата пишува дека Божјиот Син, Исус, ги поучувал своите следбеници да ги сакаат своите непријатели (Матеј 5:43, 44).

Што мислиш ти? Дали Бог ги одобрува војните? Ако да, на чија страна е во денешните судири? Тоа што ќе ги дознаеш одговорите на овие прашања може да влијае врз твојот став кон војните. На пример, ако знаеш дека Бог не само што ги одобрува војните туку и дека е на страната што ти ја поддржуваш во одреден судир, веројатно ќе бидеш уверен дека стоиш на страната што ќе победи. Но, што би направил ако дознаеш дека Бог ги поддржува противниците? Тогаш најверојатно ќе размислиш дали треба да останеш на истата страна.

Исто така, тоа што ќе дознаеш како гледа Бог на војните може да влијае врз тоа како гледаш ти на Бог. Доколку и ти, како и милиони други луѓе, си претрпил огромна болка поради некоја војна, добро е да го дознаеш одговорот на следниве прашања: Дали Бог, како што веруваат некои, ги подбуцнува луѓето да војуваат? Или, дали е само пасивен набљудувач кому не му е грижа за оние што страдаат и се угнетувани?

Можеби ќе се изненадиш кога ќе дознаеш дека гледиштето на Библијата многу се разликува од овие две мислења. Освен тоа, од минатото па сѐ до денес, Божјето гледиште за војните останало исто. Да разгледаме што вели Библијата за тоа како Бог гледал на војните во времето на древниот Израел и во првиот век, кога Исус бил на Земјата. Тоа ќе ни помогне да сфатиме како гледа Бог на војните денес и дали тие ќе постојат засекогаш.