Дали Јеховините сведоци имаат платени свештеници?
Следејќи го примерот на христијанството во првиот век, кај Јеховините сведоци нема поделба на свештеници и обични верници. Сите крстени Јеховини сведоци се проповедници и учествуваат во делото на проповедање и поучување. Сведоците се организирани во собранија од околу 100 верници. Духовно зрели мажи во секое собрание служат како „старешини“ (Тит 1:5). Тие не добиваат плата за својата служба.