WATCHTOWER LIBRARY
Нова верзија на Watchtower Library
Во програмата Watchtower Library можеш да ја вклучиш опцијата за автоматско преземање на нова верзија преку интернет. Но, ажурирањето на публикациите и статиите може да се извршува и рачно со помош на пакет кој ја содржи новата верзија.
Автоматско преземање на нова верзија
Автоматското преземање на нова верзија можеш да го активираш на следниов начин:
Во програмата Watchtower Library, кликни на Библиотека, а потоа кликни на Поставки. Тогаш ќе се отвори прозорчето Поставки на библиотеката.
Во прозорчето Поставки на библиотеката кликни на Нови верзии, а потоа активирај ја опцијата Автоматски преземи нова верзија.
Секогаш кога постои нова верзија која е спремна за преземање од интернет, ќе се појави порака со прашањето дали сакаш да ја преземеш. Кликни Да за да ја преземеш и да се инсталира на твојот компјутер.
Рачно инсталирање на нова верзија
Во програмата Watchtower Library можеш рачно да инсталираш нова верзија со помош на пакет за ажурирање. Најновиот пакет можеш да го добиеш така што ќе направиш нова верзија од некоја програма Watchtower Library која веќе била ажурирана, или можеш да го преземеш пакетот така што ќе кликнеш на копчето за преземање кое се наоѓа на оваа страница.
Направи пакет за инсталирање на нова верзија
За да направиш пакет за рачно инсталирање на нова верзија, следи ги следниве упатства:
Во програмата Watchtower Library кликни на Помош, а потоа кликни на Рачно инсталирање на нова верзија и Направи пакет.
На својот компјутер избери на кое место сакаш да го сочуваш пакетот за инсталирање на нова верзија, а потоа кликни на Save. Програмата Watchtower Library ќе направи пакет за инсталирање на нова верзија како вид на фајл „.updatepkg“.
Преземи пакет за нова верзија
Кликни на копчето подолу за да провериш дали на твојот јазик постои пакет за инсталирање на нова верзија на програмата Watchtower Library. Ако има таков пакет, тогаш следи ги упатствата за да го зачуваш фајлот на твојот компјутер.
Инсталирај пакет за нова верзија
За рачно да инсталираш нова верзија на програмата Watchtower Library со помош на пакет, следи ги следниве упатства:
Во програмата Watchtower Library кликни на Помош, а потоа кликни на Рачно инсталирање на нова верзија и Инсталирај пакет.
Во прозорчето кое ќе се отвори, избери го видот на фајл „.updatepkg“, а потоа кликни на копчето Open за да ја инсталираш новата верзија на програмата Watchtower Library.